„Го украдов ова парче од мајка ми и изгледам фантастично“: Хит-фустан со безвременски печат!

Како да носите ролка-фустан

Оваа пролет, прегледајте го плакарот на вашите мајки – нема да ви се верува какво богатство можете да пронајдете

Кога размислуваме за изгледот и шопингот, размислуваме за тоа какви нови парчиња можеме да најдеме. Гугламе до недоглед во потрага по совршената комбинација, следиме што носат ѕвездите, размислуваме како да ги комбинираме новите и постоечките парчиња и слично.

Веројатно не сте свесни дека можеби веќе имате некои парчиња во коишто можете да изгледате совршено, и тоа токму во плакарот на вашата мајка.

Во 1970-тите години биле популарни кратките ролка-фустани, кои освојувале со својата женствена силуета и способност совршено да се искомбинираат со високи или рамни обувки. Токму ова винтиџ-богатство можете да го искористите за себе.

Под услов да не е скината и да е функционална, ролка-фустанот на вашите мајки може да ви послужи како одлично парче за пролетните денови.

Убаво се стилизира со накит, а изгледа моќно и кога ќе го надополните со чантичка што можете да ја носите на различни начин.

Ова парче е голем хит оваа пролет и можете да го пронајдете во сите бутици. Но поголемо е задоволството (и поодржливо) ако наследите некое парче облека од вашите најблиски.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.