Имала над 40 операции: Поради подмолната болест, актерката ги загубила косата, забите и ноктите, но работи со полна брзина и заработува богатство (ФОТО)

Фото: Instagram/melaniegaydos

И покрај генетското нарушување, таа е активна од малите екрани, социјалните мрежи, модната писта…

За Мелани Гејдос (34) оправдано може да се тврди дека е храбра жена која влезе во светот на модата и засекогаш ги промени нејзината историја и перцепцијата за убавината.

Оваа млада Американка има ретко генетско нарушување наречено ектодермална дисплазија.

Симптомите на оваа генска деформација се различни, а кај Мелани болеста се манифестирала со губење на забите, ноктите, косата, деформација и стагнација во растот на коските и р’скавицата.

Гејдосова како дете често била жртва на насилство и потсмев поради различниот изглед. Имала повеќе од 40 операции за хирурзите да ѝ го „поправат“ лицето. Меѓутоа, денес сè е поинаку.

Мелани се чувствува добро во своја кожа, се прифати себеси таква каква што е и повеќе нема желба да оди „под нож“ и да промени нешто на себе.

Порано не поднесувала да се фотографира, но кога студирала уметност, тогашното момче ја убедувало да ги испрати своите слики на адресите на професионални фотографи. Се случило некои да бидат воодушевени од нејзиниот уникатен изглед.

Мелани денес е една од најплатените манекенки и актерки. Се појави и во спотот на светски познатиот бенд Рамштајн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Gaydos (@melaniegaydos)

Оваа девојка ужива голема популарност и на социјалните мрежи и на малите екрани.

Фото: Instagram/melaniegaydos

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.