Дали знаете зошто треба да ја перете облеката со ловорови лисја?

Била во право...

Така правеше и баба!

Многу луѓе не знаат дека ловоровите лисја можат да помогнат да се зачува бојата на облека и да се врати оригиналната нијанса. Затоа, облеката треба да ја перете со ловорови лисја.

Некои луѓе ги ставаат ловоровите лисја во барабанот на машината за перење, додека други се одлучуваат за поинаков пристап, т.е. ги варат како чај и во течноста ја потопуваат облеката.

За да ја освежите бојата на вашата облека со помош на ловорови листови, ќе ви требаат: грст ловорови листови, вода и сода бикарбона.

Во тенџере ставете десетина ловорови листови. Потоа додадете четири лажици сода бикарбона и вода. Тенџерето се става на оган и кога ќе зоврие варете најмалку 30 минути со повремено мешање.

Отавете го растворот да се излади, а потоа натопете ја облеката во оваа вода и оставете ја да отстои најмалку 24 часа. По тој процес потребно е повторно да ја исперете перете облеката во машина или на рака.

Со овој трик ќе ги спасите омилените парчиња гардероба, а притоа нема да потрошите многу пари.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More