Магијата на Ориентот: Мирис на егзотика, сензуалност, богатство

Езготично патување на сетилата низ сензуални и заводливи ноти на Ориенталните парфеми

Ориенталните парфеми ве носат на патување на сетилата во сензуалниот и мистичен свет на луксуз и елеганција. Инспирирани од Истокот, овие мириси се издвојуваат по специфичните ноти и најквалитетни парфемски состојки на светот – уд, мошус, ветивер, сандалово дрво, амбер…

Овие егзотични мириси кои ве обвиваат со својата арома, се препознатливи по својата извонредна долготрајност. Даваат чувство на топлина, ја зголемуваат самодовербата и најмногу од се, ве издвојуваат од толпата. Наменети за жени и мажи кои сакаат да се истакнат со препознатливи мириси, нагласувајќи ја нивната сензуалност. Џенифер Лопез во неколку свои интервјуа открива дека обожава да користи ориентални парфеми со ноти на јасмин и мошус, додека Ким Кардашијан, Ријана, Анџелина Џоли и Шакира веќе биле амбасадори на ориентални парфемски брендови.

Ориенталните мириси се прилагодуваат на различни прилики, идеални се за носење на работа, при вечерни излегувања, при тоа се доволно јаки и долготрајни да останат на кожата во текот на целиот ден.

Нивна посебна специфичност е што може да се комбинираат со други парфеми, создавајќи можност сами да креирате мирис кој го сакате.

Постојат неколку фактори кои ги прават овие парфеми долготрајни и неодоливи:

Ориенталните парфеми содржат состојки како мошус, пачули, ванила, уд и амбер кои се познати по нивната долготрајност на кожата и проекција на мирисот подолго време. Покрај тоа, лесно се прилагодуваат на pH на кожата, особено кај онаа со поголемаpH вредност.  Тие се високо концентрирани, содржат поголема количина на мирисни масла и затоа најчесто се нанесуваат во помали количини од останатите парфеми. Лесно се прилагодуваат на pH на кожата.

Иако за ориенталните парфеми постои мислење дека се скапи, тоа сепак не е правило. Ви ги претставуваме брендовите Armaf, Lattafa, Swiss Arabian и Al Haramain кои се достапни кај нас и може да се најдат по пристојни цени, нудејќи висок квалитет и препознатливост.

Armaf парфемите кои ќе ги обожавате претставуваат модерни, стилски и инспиративни мириси за мажи и жени.

Armaf Club De Nuit Woman Eau de Parfum е опоен и нежен мирис за жени кои се чувствуваат удобно во својата кожа. Мирисот претставува сјајна свежина со цитрусни акорди кои се комбинираат со цветно- овошни ноти на роза, јасмин и личи. Се отвара со горните ноти на бергамот, грејпфрут, праска, портокал, додека на средината нежно преоѓа кон средните ноти на гераниум, јасмин, личи и роза. Долните ноти се ветивер, пачули и мошус. Идеален за дневни излегувања или на работа.

Armaf Club de Nuit Intense Man Eau de Toilette е провокативен, дрвенест, долготраен, зачинет мирис за мажи кој е претставен во 2015 година. Свежината се чувствува преку горните ноти на лимон, црна рибизла, бергамот и ананас, кои на средината се мешаат со ноти роза, јасмин и бреза, а основата ја чинат ванила, мошус, амбер и пачули.

Armaf парфемите може да ги најдете во Cosmo парфимерија, DM drogerie и Schatze парфимерија.

 

Lattafa Khamrah Eau De Parfum Unisex е новитетот кој ќе ја обележи оваа сезона.

Lattafa Khamrah Eau De Parfum Unisex е луксузен ориентално-зачинет унисекс парфем кој ги комбинира скапоцените зачини, топлината на дрвенестите ноти и мекоста на ванилата. Горнатанота е цитрусната свежина на бергамот врамена со топлиот, кадифен зачин на цимет и рафинираната жалфија. Срцето на парфемот пулсира со прекрасниот кремаст мирис на пралина, топејќи се во миризлива магија од слатки овошни ноти и туберозни цветни нијанси. Како долни ноти се чувствува раскошна ароматична патека која ја спојува сензуалната сладост на ванила со зачинети скапоцени дрва, сладок чаден уд, зачадена ароматична смирна, зачинета тонка и смолести бензоин од ванила, кои нежно треперат во зракот.

Lattafa Ajwad Eau de Parfum Unisex е природен сладок парфем во спреј исполнет со арома на амбер, роза и сандаловина. Овој слаткаст мирис на ванила кој е карамелизиран со многу овошје и кедрово дрво ќе ве освои при првата средба.

Од брендот Lattafa ни доаѓа уште еден сензуален мирис наменет за жени и мажи Ana Abiyedh Eau De Parfum Unisex. Како горни ноти на овој мирис се чувствуваат белиот мошус и масло од киприол кои на средината се мешаат со ванила, шафран и кардамон. Долните ноти се зрно тонка и гуајак дрво.

 

Swiss Arabian Gharaam Eau de Parfum Unisex е ароматичен, романтичендрвенест мирис кој ги грее срцата подеднакво кај жените и мажите.

Мирисот ве води на неодолива патека низ нотите на јасмин и шафран (еден од најретките зачини), кои патуваат кон прегратката во срцевината на препознатливиот амбер. Патувањето продолжува кон чистата вљубеност низ нотите на кедар и ела.

Al Haramain L’Aventure Мan Eau de Parfum е специфичен мажествен мирис кој ја нагласува самодовербата. Цветно дрвенест мирис со горни ноти на лимон, бергамот и елеми, полека преоѓајќи кон средината на дрвенести ноти, јасмин и момина солза.Потоа, доаѓаат на сцената идеалните мошус, пачули и амбер како долни ноти.

Al Haramain L`Aventure Femme Eau de Parfum е наменет за жени со авантуристички дух. Тие знаат што сакаат и нивниот избор е секогаш најдоброто за нив. Мирисот се отвара со свежина на цитрус од бергамот, ананас и бобинки. Мирисната хармонија се движи кон ноти на роза, фрезија и кедрово дрво.  Сензацијата продолжува кон основата од сандалово дрво, пачули, амбер и мошус.

Парфемите Swiss Arabian, Lattafa и Al Haramain може да ги најдете ексклузивно во парфимериите Schatze.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.