Најпознатата јутјуберка ја шминкаше Адел: Погледнете каква магија направи од неа! (ФОТО)

Девојките и жените ќе се воодушеват...

Ники де Џегер, попозната како Ники Туториалс е една од најпознатите јутјуберки на светот и позната уметничка во светот на шминката.

Таа имала чест на својот канал да ја угости една од најпознатите пејачки во светот – Адел.

Фото: Принтскрин

Двете се шминкале, разговарале, но за да „оди“ работата се напиле и по една чаша вино. Пејачката истакнала дека е емотивно поврзана со песните кои му ги посветила на својот син „My Little Love“ и „Hold On“.

Тие две напоредно се шегувале и околу тоа колкава моќ има шминката.

– Гледате каква моќ ма шминката кога ќе погледнете во моето лице, додека една половина е нашминкана, а другата не е. Сигурна сум дека ја гледате разликата“, се пошегувала пејачката.
Кога јутјуберката завршила со шминкањето на едната половина од нејзиното лице, ѝ дала огледало по што прокоментирала:

– Wow. Ова е прекрасно. Изгледам како Џокер, но во најпозитивна смисла. Ова е неверојатно“ – заклучила Адел.

Погледнете:

Фото: Принтскрин
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе