Британската пејачка Шерил Кол, која некои ја сметаат за една од најубавите жени на светот, прв пат јавно призна дека никогаш немала среќа во љубовта. Поради таа причина 36-годишната поп-ѕвезда одлучила дека не и е потребен нов маж за да го прошири своето семејство, па затоа ќе побара донатор на сперма. Зад неа е врската со музичарот Лиам Пејн (One Direction) со кого го има 2-годишниот син Беар, но денес се чувствува како времето во потрага по нов партнер да и истекува и сака исклучиво да се посвети на процесот на добивање ново дете.
Да е времето на моја страна и да сум во 20-те, да, би разгледувала повеќе опции и би чекала некој што ќе сметам дека е вистинскиот. Вие можете да запознаете некој и да се чувствувате прекрасно поради тоа, но никогаш не постои гаранција, бидејќи може многу работи да се случат. Животот е смешна игра“, изјавила Шерил за магазинот „The Times“.
Таа за магазинот признала дека не е многу добра во бирање на партнер и дека ја привлекуваат луѓе со црти на личности кои всушност ги мрази. Откако изјавила дека бара донатор на сперма, на Шерил и се јавиле бројни обожаватели и понудиле да бидат волонтери.