Нова интернационална награда за Тамара Тодевска

Најдобра интернационална артистка на „Кенга маџик“ во Албанија

Тамара Тодевска со песната Monsters вчера беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал „Кенга маџик“ во Тирана, Албанија.
Monsters е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текстот го напиша Коста Петров.
Пресреќна сум. Оваа награда им ја посветувам на моето семејство и на Македонија”, изјави Тамара при земањето на наградата, која и’ беше врачена од страна на годинешната евровизиска претставника на Албанија.
Во моментов Тамара го привршува нејзиниот трет студиски албум, а до крајот на годината ќе биде промовиран и видеозаписот за Monsters.
Текст и фото: ПР
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе