Северина се молеше на концертот (ФОТО + ВИДЕО)
Токму тоа ѝ било потребно
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Северина Којиќ спектакуларниот концерт во загрепската „Арена“ го почна со молитвите „Оче наш“ и „Здраво Маријо“, замолувајќи ја публиката да ѝ се придружи.
Ова не го правам на концертите, но вечерва токму тоа ми е потребно“, кажала Северина и ја запеала песната „Далматинка“.
Ви благодарам на сите што мислите на мене. Чувството дека некому си му во мислите е навистина посебно, дека те разбираат и знаат ‘за што станува збор’. Им благодарам на сите јавни личности, познати и непознати, кои ме поддржаа. Во секоја ваша буква почувствував по една мала молитва. Ви благодарам Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и им благодарам на сите луѓе што живеат во дијаспората. Им благодарам на сите, не само на паметните и на писмените, туку и на залудените, кои и јавно пишуваа за ова, им благодарам на Ведрана Рудан, Миљенко Јерговиќ, Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, Нела Влашиќ. Ми ги испраќаа вашите текстови како ветер во грбот во ова море на тага во целиот регион. Се гледаме вечерва во ‘Арена Загреб’. Ве сакам и ве замолувам – вечерва само веселба и љубов“, напиша пејачката спротив настапот.
https://www.youtube.com/watch?v=m9F1jy7UCSc&feature=emb_logo
На следната страница погледнете како Северина ја отпеа песната „Роѓено моје“ на концертот во „Арена Загреб“…