Помина само месец дена откако Ирина Шајк ја раскина четири годишната врска со Бредли Купер, а странските медиуми веќе шпекулираат дека таа нашла утеха во друг маж.
Руската манекенка со својата ќерка е во Њујорк, а фотографи ја уловија Ирина во машко друштво.
Иако, наголемо се пишува дека е новото момче на манекенката, се воспостави дека се работи за нејсини близок пријател Алекс Максвел, креативен директор на британски „Вог“.
Се чини дека Ирина лесно го поднела раскинувањето со Бредли бидејќи на фотографиите се гледа опуштена и среќна.