Велнес-ритуали: Освојте го утрото и сте го освоиле денот!

Утро што ќе смени сè

Дали сте размислувале како би изгледал вашиот идеален ден? Оној по кој ќе се чувствувате задоволно и исполнето! Доколку сакате секој ден да ви биде таков, почнете од – утрото! Не сте утрински тип? Нема врска. Сè се учи…

Сите успешни луѓе со кои соработував имаат една заедничка особина – секогаш прво го работат она што им е најнепријатно“, објаснува психологот Мариса Пир. „Тоа го прават по автоматизам. Доколку имаат извештај што им е мачен или треба да отпуштат драга личност, тоа секогаш го прават наутро, за да го поминат остатокот од денот растоварени. Одложувањето на најнепријатната работна задача прави постојано да ни виси над глава и да не можеме да уживаме во задачите што ни се пријатни.“

Стефан Џејм истакнува дека на сите може да ни се случи да го одложуваме непријатното.

Луѓето обично мислат дека само ним им е тешко нешто. Не сфаќаат дека мрзеливоста е општа човекова особина. Сите имаме исти пориви. Разликата е во тоа што успешните луѓе ги победуваат, затоа што не сакаат да одат по линијата на помал отпор. Најлесно е да си мрзлив, бидејќи не бара некаков труд, но и не носи ништо.“

Утринска листа:

  1. Насмејте се
  2. Станете веднаш
  3. Испијте чаша вода
  4. Наместете го креветот
  5. Медитирајте
  6. Вежбајте
  7. Истуширајте се и средете се
  8. Појадувајте
  9. Поставете ги приоритетите
  10. Задолженија: почнете од она што ви е најмалку мило!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images, Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.