Писмото на оваа баба ќе ви биде покорисно од кој било совет на психолог: „Повеќе не штедам ни на порцелан, ни на парфем – немам време за тоа!“

Поучна приказна

Фото: Pixabay

Писмото на една 83-годишна баба ќе ви биде покорисно од кој било совет

Бабата наводно го напишала писмото и ѝ го испратила на нејзината пријателка, но дури и ако е замислено, ќе ви заштеди години созревање и собирање животни поуки. Многу е практично и открива како да направите разлика помеѓу важните и неважните работи…

„Драга Берта,

Повеќе читам, помалку бришам прашина. Седам во двор и му се восхитувам на погледот, а плевелот во градината повеќе не ме нервира. Поминувам повеќе време со моето семејство и со пријателите, а помалку работа.

Кога и да е тоа возможно, животот треба да претставува низа од пријатни искуства, а не од издржливост. Сега се обидувам да ги препознам тие мигови и да ги ценам.

Не штедам ништо – го користам добриот кинески порцелан и кристал за секоја посебна пригода, како што е симнувањето еден килограм или првите процутени ириси.

Го носам моето добро сако на пазар. Мојата теорија е дека ако изгледам успешно, можам да потрошам 28 долари на една мала кеса со намирници. Не го штедам мојот најдобар парфем за посебни пригоди, туку го ставам за продавачите и службениците во банките и во продавниците.

Зборовите ‘еден ден’ и ‘наскоро’ ја губат вредноста во мојот речник. Ако нешто вреди да се види, слушне или направи, сакам да го видам, слушнам и направам веднаш.

Не знам што би направиле другите кога би знаеле дека нема да има утре, дали знаат што сè земаме здраво за готово. Мислам дека би им се јавиле на членовите од семејството и на неколкуте блиски пријатели. Можеби би им се јавиле и на неколку поранешни пријатели за да им се извинат и да ги разрешат проблемите од минатото.

Јас сакам да ги замислам како излегуваат во кинески ресторан на вечера или на некоја храна што најмногу ја сакаат. Само погодувам – никогаш нема да знам.

Сите оние работи што не сум ги завршила, би ме разлутиле кога би знаела дека часовите ми се одбројани. Би била лута што не сум напишала некои писма што сум планирала да ги напишам. Би ми било жал што не сум им кажувала доволно често на сопругот и на родителите колку ги сакам.

Многу се трудам да не штедам, да не задржувам, да не одложувам сè што би ми донело насмевка во животот. И секое утро кога ќе отворам очи, си велам дека тоа е нешто посебно. Секој ден, секоја минута, секој здив е подарок.

Можеби нашиот живот станал сосема поинаков од она што сме го замислувале. Но сè додека сме овде, и понатаму можеме да танцуваме…“

Златни совети: Секоја жена во 40-тите години треба да ги усвои овие 10 животни лекции!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.