Златни совети: Секоја жена во 40-тите години треба да ги усвои овие 10 животни лекции!

Ризница мудрости

Прочитајте што велат експертите за жените кои ја поминале четириесеттата

Повеќето жени не му се радуваат на стареењето и на појавата на брчки. Меѓутоа, вистина е дека годините со себе носат зрелост и подобри сфаќања за животот.

Кога жената ќе наполни 40 години, во неа се крие ризница мудрости во врска со разни теми, како што сте преболување на изгубената љубов, но и вистинското значење на среќата.

1. Совршенството не е потребно

Кога се млади, многу жени се обидуваат да бидат совршени, односно имаат нереални очекувања од себе, што може да доведе до фрустрација и црно-бело размислување. Верувањето дека „ако не сум совршена, нема да успеам“ може да доведе до непотребен притисок и лоша самодоверба. Како што старееме така сфаќаме дека несовршенството може да биде прекрасно.

2. Не е се’ во победата

Жените во четириесеттите честопати се опкружени со истомисленици, а тоа е награда самото по себе.

Во 40-тите истрчав 16 маратони (почнав да трчам на 40 години) и бев пресреќна поради фактот што го завршив секој од нив“, открива КЏ Ландис, авторка и творец на серијата „Superior Self“.

3. Животот е повеќе од „совршено тело“

До моментот кога жените ќе дојдат до своите 40-ти, треба да се откажат од сфаќањето дека среќата се содржи во одредена форма или големина. Наместо тоа, бидете исполнети со вашите врски и работа, страсти и семејство.

4. Стареењето е неизбежно

Не велам дека планирам да остарам без борба, но горда сум на животните искуства, и на добрите и на тешките, а токму брчките се нивен одраз“, вели Моника Хонаман, авторка на книги за самопомош.

5. Малите проблеми треба да останат мали

Сите жени ја чуле реченицата „немојте да се нервирате за ситници“. И тоа е вистина. Кога ќе наполните 40 години, ќе сфатите дека не мора да ја водите секоја битка. Некои луѓе не се приоритет, а тешките луѓе едноставно не се вредни за вашето време и енергија.

6. Малите нешта го прават животот прекрасен

Малите моменти се центар на животот. Јадете здраво, вежбајте, прегрнувајте ги луѓето што ги сакате, делете насмевки, бидете љубезни кон другите – сето тоа има многу длабоко влијание врз вашиот и животот на другите.

7. Треба да се информирате за вашето здравје

Кога ќе влезете во 40-тите, не треба да губите време во барање превентивна медицинска помош, која е потребна и која ја заслужувате.

8. Не можете на сите да им угодите

Животот е прекраток.

Кога би можела да го вратам времето назад, би одзела безброј часови што сум ги поминала обидувајќи се да им угодам на други луѓе и би го поминала тоа време со луѓето од мојот живот што ги сакам“, вели животната тренерка Канеша Бејнард.

9. Одличниот секс не исчезнува во 20-тите и во 30-тите години

Иако Мајли Сајрус му рекла на Мет Лауер дека најверојатно нема да биде толку сексапилна кога ќе наполни 40 години, бидејќи ‘на таа возраст луѓето престануваат да имаат секс’, некој постар од 40 години најверојатно го слушнал тоа и кафето му излетало од носот“, се пошегувала Катерина Козиас, мотивациски говорник.

„Спротивно на тоа, зрелоста обично дава поголемо чувство на самодоверба. Знаете што сакате и не се срамите да го побарате тоа. И обично имате повеќе слобода – забавно! А зошто да не?! Па што ако сте малку постари и позбрчкани?!“

10. Животот е патување, а не крајна дестинација

Уживајте во моментот, буквално во секој момент на патот. Никој не знае каде е целта.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.