Пандемијата им донесе социјална болка на многу луѓе, научете да се справувате со неа

Далечина, неможност за дружење во големи групи, откажани планови, патувања и затворени кафулиња и ресторани се само дел од она што ни го донесе пандемијата на коронавирусот.

Наведените работи се исто така само дел од она што влијае на нашата ментална состојба. Многумина започнаа да чувствуваат необјаснива болка и тага во последните месеци. Барајќи ги нивните причини и врската помеѓу менталното страдање и социјалното растојание, научниците од Универзитетот во Сао Паоло заклучиле дека социјалното страдање е во пораст поради појавата на коронавирус.

Што е социјална болка и како да се справиме со неа?

Социјална болка (социјално страдање) се болни емоции предизвикани од животни ситуации кои вклучуваат други луѓе како што се отфрлање, прекинување на пријателство или љубов, смрт на некој близок и други болни ситуации кои можат да предизвикаат чувства на одбивање, осаменост, инфериорност и напуштање. Функцијата на овој вид на болка е иста како и функцијата на физичка болка. Нејзината задача, значи, е да испраќа сигнали и да нè предупредува дека нешто не е во ред со нас. Во тие моменти, треба да ја прифатиме таа болка и да најдеме решение за сè што носиме во нас. Но, наоѓањето решение и прифаќањето понекогаш е неверојатно тешко. Многу луѓе за прв пат се наоѓаат во состојба на социјална и емоционална болка и тешко е да најдат решение, особено во моменти кога дружењето е сведено на минимум и кога се забранети сите познати методи за ослободување на емоции. Ако и вие сте еден од оние кои се доведени до ваков вид на болка од пандемија, подолу ќе најдете начини полесно да се справите со неа.

Прифатете ја вашата болка

Најлошото нешто што можете да направите е да ја негирате состојбата во која сте во моментот. Треба да знаете дека вашата болка е вистинска и дека е природно да се чувствувате лошо или неисполнето бидејќи ви недостасуваат работи што порано сте биле во можност да ги правите, а сега не можете.

ФОТО: Unsplash

Внимавајте на вашите мисли

Не хранете ги негативните мисли со сеќавање на моменталната состојба секој момент и размислување за тоа секој ден. Иако не треба да бегате од моменталната состојба и фактите, постојаното размислување за сите негативни страни што ни ги донесе пандемијата само ќе ве доведе до уште поголеми страдања.

Искористете го она што можете

Многу луѓе сега се лишени од своите омилени активности и омилени начини да го поминуваат слободното време. Но, наместо да жалите за она што сè уште не можете да го достигнете, искористете го она што можете. Бидете креативни. Уживајте во природата, направете забава преку Интернет, поканете блиски луѓе на ноќна игра, гответе со семејството, најдете ново хоби. Постојат многу можности кога ќе ја вклучите фантазијата.

„Нахранете“ ја својата болка

Сите сме доживеале моменти на необјаснива и скоро неподнослива болка. Во такви моменти, обидете се да ја „нахраните“ вашата болка со нешто убаво. Пуштете ја музиката што ја сакате, танцувајте, тренирајте, повикувајте ги саканите луѓе, прегрнете некого, запишете сè што чувствувате на хартија.

Не заборавајте да зборувате за вашата болка

Болката станува полесна кога ја споделуваме со другите. Без разлика дали добивате добар совет од другата страна, разбирање или внимателно слушање – ќе се чувствувате подобро. Ако чувствувате дека вашата болка е во форма што не можете да ја поднесете, знајте дека секогаш е добра идеја да контактирате професионалец.

Прочитајте и: Едноминутни навики кои ќе го променат вашиот живот на подобро

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.