Немаше ни леб да јаде, а потоа го НАПРАВИ ОВА со рацете и стана МУЛТИМИЛИОНЕР

Со славата доаѓа и големо богатство, а во случајот со тиктокерот Каби Лејм, овие зборови звучат вистинито

Ова 22-годишно момче, која се приклучи на ТикТок во 2020 година за време на пандемијата, стана најпопуларниот креатор на платформата за споделување видеа во јуни со 142,8 милиони следбеници.

Популарноста на Каби на ТикТок му ја отвори вратата за зделки со брендови, спонзорирани содржина и за понуди за соработка.

Кога Каби дефилираше на ревијата на Миланската модна недела за „Хуго бос“, заработи 450.000 долари преку партнерството со популарниот бренд, кое вклучуваше и покривање на социјалните мрежи.

Сега најследениот тиктокер, кој емигрирал во Италија во 2001 година со своите родители и тројцата браќа и сестри од Сенегал, откри колку заработува од клип.

@tsmi.tsmi.szn4 #khabylame #novakdjokovic #banana #tennis ♬ original sound – Tismitsmi.szn

Во интервју за Fortune, 22-годишникот откри дека освен што собира лајкови на своите видеа, заработува и до 750.000 долари од клип. Се проценува дека оваа година само од објавените содржини  ќе заработи околу 10 милиони долари.

Според извештајот, едно големо холивудско студио му платило на Каби неверојатни 750.000 долари за еден видео клип.

Но,Каби е свесен за краткорочната популарност што ја носи славата на Интернет. Затоа тиктокерот кој се прослави по својот „тивок“ хумор и многу специфични гестови со рацете, сега учи англиски јазик.

Во споменатото интервју, Каби открил дека секој ден поминувал по еден час со учител по англиски јазик. Покрај тоа, Каби гледа и американски филмови и цртани филмови.

Од мал сум за забава и за засмејување на луѓето и благодарен сум му на ТикТок што ми понуди глобална сцена на која можам да претсавам таа мојата страст со остатокот од светот, рече Лејм во изјавата во август 2021 година, кога надмина 100 милиони следбеници, според написите во медиумите.

Во интервју за TMZ претходно оваа година, Каби ја откри својата крајна цел – да глуми заедно со холивудската ѕвезда Вил Смит.

Тој е во потрага по своето големо деби во глумата и вели дека „Свежиот принц од Бел-Ер“ на Смит го инспирирал да стане актер уште на рана возраст.

Sada zarađuje 450.000 dolara po videu

Коментарите се заклучени.