Како да препознаете добар човек: Техника на древен мудрец што секогаш функционира!

Обрнете внимание

Порака од древен мудрец за тоа како можете да препознаете дали некој е добар човек

Еден ден го прашале мудрецот како да се препознае добриот човек.

А тој одговорил:

„Не можете да го препознаете по тоа што го зборува, ниту според тоа како изгледа, туку според атмосферата што се создава во негово присуство. Тоа е доказот. Бидејќи никој не може да создаде атмосфера што не му припаѓа на неговиот дух.“

Човекот најпрво можете да го разоткриете според енергијата што ја емитува, според тоа како се чувствувате во негово присуство. Дури и кога некој се преправа, кога се труди да биде премногу љубезен, а всушност има лоши мисли и намери, може да се почувствува тоа. Најважно е да ја следите вашата интуиција, она чувство во стомакот што се буди кога нешто не е како што треба. Никогаш не игнорирајте го тоа.

Кога личноста околу вас создава атмосфера на пријателство, љубов, убава енергија, што ви дава желба да ѝ се приближите и повторно да ја видите, во вас се буди чувство дека таа е добар човек, некому кому можете да му верувате и кого вреди да го сакате.

Еве како да дознаете дали си имате работа со подла личност: Еврејска мудрост!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.