Еве како да дознаете дали си имате работа со подла личност: Еврејска мудрост!

Неверојатно

Евреите се многу мудар народ, а нивните изреки тоа и го докажуваат

Благородна личност никогаш нема да ви каже: „Прави што сакаш, тоа е твој живот!“. Бидејќи благородните личности се грижат за вас и никогаш нема да ви дозволат да го прокоцкате својот живот. Нема да ви дозволат да паднете на дното.

Не би требало да се чувствувате непријатно во врската, ниту во семејството, но имајте на ум: нема море без бура, ниту небо без облаци. Не постои совршена хармонија во животот.

Како да сфатите дека си имате работа со подла личност?

Евреите имаат ризница мудрости, меѓу кои е и онаа како да препознаете подла личност покрај себе:

„Никогаш не ѝ верувајте на личност која зборува за проблемите, но ја крие својата радост од вас.“

Личноста што ви верува нема да ги сокрие добрите вести од вас. Без разлика дали станува збор за унапредување или нова љубов, тие ќе споделат сè со вас.

Но паметната личност им верува само на неколку луѓе. Тие најблиски луѓе би дале сè на светот за да ви биде добро, а тоа најчесто се родителите, бабите и дедовците и децата. Сите други доаѓаат и си заминуваат!

Ако некој ваш близок се однесува ладно и не споделува со вас детали од својот живот, станува збор за подла личност!

Животна мудрост: Не чекајте животот да ве удри по глава…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.