Дали сте многу строги кон себе? Овие будистички вежби ќе ви помогнат да се сакате повеќе

Корисни совети

Многу луѓе имаат внатрешни монолози кои се состојат од темни мисли и самоосудување. Кај некои луѓе, појавата на такви мисли е толку честа што сметаат дека е нормална. Но, таквите мисли се самоуништувачки и можат да доведат до голем број ментални и емоционални проблеми.

Понекогаш тоа се случува заради минатите лоши искуства кои предизвикуваат сомневање во нови луѓе. Понекогаш тоа е голема доза на самокритика и пронаоѓање на недостатоци во сè што правите. Тоа е тој глас во вашата глава што ви кажува дека не сте доволно добри, дека сте помалку вредни и дека никогаш нема да бидете „нормални“. Покрај фактот дека таков внатрешен однос може да биде лош за вашето здравје, може да ве доведе и до лоши односи и навидум безнадежни ситуации. Ако забележавте дека сте ужасно строги со себе и дека постојано наоѓате недостатоци што едноставно не можете да си ги простите, време е да го промените тоа. Подолу ви носиме три едноставни будистички вежби кои ќе ве направат свесни и ќе ги прифатите вашите недостатоци и грешки и ќе работите на нив.

Препознавање

Прво, треба да ги препознаете и да ги признаете сопствените грешки, недостатоци и негативности. Кога ги правите, во никој случај не се чувствувајте засрамени или било каков вид на негативност, затоа што е апсолутно нормално да направите грешка. Бидете свесни дека длабоко во вас сте среќна и добра личност и дека лесно можете да ја избришете негативноста прифаќајќи и работејќи на себе.

Благодарност

Бидете благодарни што признавате што сакате да промените во себе. Откако ќе ги препознаете и признаете сопствените грешки и ќе започнете да работите на нив, ќе почувствувате голема благодарност што имате можност да ги промените работите на подобро.

Разбирање

Разбирањето сам себе значи да ги прифатите своите недостатоци како составен дел од вашата хуманост. Немој да мислите дека нешто не е во ред со вас. Лошите мисли и лошиот став кон себе се знак дека вашиот ум не е обучен и дека треба да работите на вашето внатрешно јас за да ја постигнете целта и мирот. Но, запомнете дека работата на себе никогаш не запира и дека ништо не е конечно и решено.

Прочитајте и: Најпрецизниот психолошки тест: Одговорите на овие прашања ја откриваат скриената страна на вашата личност!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.