Болно детенце доби подароци од целиот свет по објавувањето на видео во кое плаче

Родителитe споделија видео од тажнотo детенце, кое страда од Јоубертов синдром, и добија лавина добрина од целиот свет.

Малиот Сем, кој е во инвалидска количка, плачел сам пред влезната врата, бидејќи неговата состојба неодамна се влошила. Мајката го снимила емотивниот момент и го објавила на ТикТок, каде што го документира животот на Сем. 

@mcdonaldfamilystrong Sometimes nature can hear you better than anyone with ears. #joubertsyndrome #joubertsyndromeawareness #raresyndrome ♬ Tell Me Why I’m Waiting – Timmies/Shiloh

Откако видеото стана вирално и достигна 8 милиони прегледи, родителите објавија ново видео во кое ја покажуваат моќта на социјалните мрежи. Во него, Сем им се радува на многубројните подароци кои ги доби од корисниците на Тикток од целиот свет.

Го проверивме нашето поштенско сандаче и видовме дека е полно со подароци од сите вас. Тој не можеше да поверува дека сите се за него. Подароците постојано пристигнуваа. Ти благодарам, Тикток, што направи нашето момче да се почувствува како милион долари – стои во видеото во кое Сем им се радува на добиените подароци.

 

@mcdonaldfamilystrong Thank you tiktok ❤️ #joubertsyndrome #joubertsyndromeawareness ♬ Here Wiith Meee Ehhh (Remix) – FAITAH NADA

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе