Новинарка апелира за опасните предизвици што се шират меѓу малолетните корисници на ТикТок (ВИДЕО)

Дознајте навреме!

Данае Мерсер (33) е инфлуенсерка и новинар од Дубаи, која постојано промовира позитивност кон своето тело, без разлика колку несовршено е тоа. Таа преку своите фотографии испраќа порака дека се сака таква каква што е со сите лузни, стрии, целилит… А ја следат над 2,2 милиони следбеници на Инстаграм.

 

Мерсер отворено проговори за својата загриженост од новите ТикТок-предизвици со кои девојките, па и момците, докажуваат колку се слаби.

ТикТок е креативна и забавна платформа со убава енергија, НО, за жал, е и платформа поради која децата од најмали години прават непромислени и опасни работи“, вели Мерсер.

 


„И покрај сѐ, сакам оваа платформа да остане навистина среќно место. Безбедно место во свет каде работите не изгледаат сјајно.

Но, кога ќе видам како 8-годишни деца зборуваат за диети, 13-годишни деца мерат индекс на телесна маса, а 16-годишни момчиња зборуваат за гушење и плукање при секс, како и мали деца кои си замотуваат слушалки од нивните телефони за да проверат колку им е тенок струкот, морам да зборувам јавно.

Наредниот пат, ќе им се јавам на одговорните на ТикТок. За да зборувам со нив за сето ова.

Искрено, ми се допаѓа ТикТок како платформа. Забавна е и креативна, полна со енергија, промовира нови идеи.

Но, сепак не ми се допаѓа целосно.

Не ми се допаѓа како на креатор кој промовира самодоверба и сакање на телото со искрено прикажување на целулитот и стриите.

ТикТок ги брише профилите на ваквите активисти.

Ги цензурира маргинализираните тела и гласови. Ги исклучува комплетно.

А истовремено, дозволува вакви видеа, вакви трендови.

Дозволува бикини, но само ако се на одреден тип на тело. Или кога целулитот е отстранет од тоа тело.

Изоставив многу од работите кои сум ги видела или ми ги пратиле.

Најмногу затоа што тоа се видеа од мали девојчиња кои се трудат да докажат дека нивните тела одговараат на некој предизвик за изглед на телото.

Како новинарка, уморна сум да седам мирно и да се надевам дека нешто ќе се промени.

И како девојка која имала проблеми со нарушувања во исхраната, навистина сум загрижена.

Немам решение сѐ уште, но сакам да знаете.

Вие мајки, сестри, моќни души, бидете свесни што се случува и грижете се за оние што ги сакате. Грижете се за себе.

Затоа што интернетот може да биде прекрасен, креативен и забавен, но може да биде и комплетно спротивност.

И ние заслужуваме подобро од тоа. Малечките, исто така.“

 

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.