„Трпев навреди и понижувања од врсниците“: Александра Пријовиќ открила дека била жртва! (ФОТО)

Искрена...

Александра Пријовиќ, музичката кариера ја градеше постепено и темелно, строго водејќи сметка за секој детаљ, почнувајќи од изборот на стајлинг, па се до изборот на песните.

За тоа и не е чудно што е една од најуспешните млади музички ѕвезди. Сепак, не било секогаш така.

За време на тинејџерските денови, додека одела на училиште, Александра често трпела навреди од врсниците и околината.

„Опкружувањето во кое живеев беше немилосрдно кон мене, но и кој мојата мајка. На навредуваа без никаква причина. Постојано ни зборуваа груби зборови кои ме повредуваа. Така беше и на училиште. Децата ми зборуваа дека сум ваква или онаква. Бев мала и тоа ме болеше. Сите меѓусебно се дружеа, а само јас имав една другарка. Зборовите кои ги кажуваа единствено можеле да ги слушнат од нивните родители, а јас секогаш се прашував зошто така ми прават кога ништо лошо не сум им направила. За жал, дури кога нешто постигнав во животот, се сетија дека постојам. Нормално, не им се лутам, се разбирам, но не ми беше пријатно мене и на мојата мајка. И таа на своја кожа многу пати слушнала навреди на нејзина сметка кои ја прободуваа како со меч. На сите им помагаше колку можеше. За секој имаше убави зборови, а луѓето ја озборуваа позади грб. Милион пати бев присутна кога ја повредуваа. Таа често ми зборуваше кога ќе ми го прават тоа само да ја завртам главата на друга страна и да се правам дека не ги забележувам, бидејќи таа злоба ќе ме повреди“ – рекла Пријовиќ во една прилика.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.