Теодора Џехверовиќ ја откри тајната на нејзиниот изглед: Немам многу брз метаболизам затоа сум дисциплинирана!

Нема да верувате која е главната причина...

??????????

Згодната пејачка Теодора Џехверовиќ многу се грижи за својот физички изглед, а тренира речиси секој ден. Се труди секогаш да биде во топ форма, а одењето во теретана и вежбањето не и претставуваат никаков проблем.

Младата Џехви одговараше на прашањата на нејзините фанови на Инстаграм, а на едно пишуваше: „Изгледаш одлично. Ако не е тајна, кажи ни каква диета држиш?“

Теа беше искрена, и го откри она што до сега не сме го знаеле за неа.

Моментално постам, па се препуштам на постот, секако дека не јадам глупости. Не можам да си дозволам брза храна, слатки и слично, бидејќи немам многу брз метаболизам и ако сакам да изгледам добро, навистина морам да бидам многу дисциплинирана. Знам што е добро, а што лошо. Најважно е дека не се хранам здраво само за да изгледам убаво, туку и да се чувствувам добро. Пред три месеци дознав дека сум нетолерантна на млеко и ми беше многу тешко да ги исфрлам сите намирници кои имаат млеко, но сега се навикнав и е во ред. Откако прекинав со млекото, моите мозолчиња целосно исчезнаа. – истакна Џехви

Пејачката често споделува некои моменти од тренингот на социјалните мрежи, па е снимена во многу провокативни пози. Познато е дека нејзините видеа секогаш предизвикуваат реакции кај луѓето, а судејќи по коментарите кои ги добива Џехверовиќ, таа е моментално најактуелна српска пејачка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.