Сека Алексиќ го исполни ветувањето: Дојде на матурската на Миа која трпеше врсничко насилство! (ВИДЕО)

Браво!

Фолк-ѕвездата Сека Алексиќ го исполни ветувањето и го посети девојчето од ромска националност од Врбас, кое е жртва на врсничко насилство.

Девојчето вчера славело матура, а Сега пристигна во неговиот дом, го запозна семејството и ја придружуваше на матурата.

Фолк-пејачката во рацете носеше огромен букет цвеќе, а семејството и соседите не можеа да поверуваат дека Сека го исполни ветувањето.

Матурантката блескаше во црн фустан, а кога ја здогледа својата придружба, ѝ се фрли во прегратка и ја бакна пејачката.

Насобраните соседи ја поздравија Сека, која во еден момент се пошегува дека ќе запее за испраќањето на матурантката за да биде уште повпечатливо нејзиното испраќање на матура.

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.