„Се дерев како магаре, ме чекаше пред лифтот“: Сузана Манчиќ раскажа за трауматичното искуство! (ФОТО)

Страшно!

Фото: Блиц

Водителката Сузана Манчиќ во екот на приказната за силувачите, се присетила за едно трауматично искуство од детството.

Имено, Сузана зборувала за тоа како секогаш морала да оди со некој надвор, бидејќи во близина на нивниот дом живеел насилник.

„Чекаа девојка да влезе во зграда. Имав една другарка на која и влегол човек во лифт и започнал да се соблекува, а таа ладно го погледнала и му рекла „сум видела и подобро“. Тие се „палат“ на тоа да те допрат, сакаат да врескаш. Такви беа манијаците во тоа време“ – раскажала Гоца Тржан која ја угостила Сузана во својата емисија.

На оваа приказна се надоврзала и токму Сузана…

„Имаше еден манијак кој се движеше во крајот кај нас. Тогаш не се знаеше за човекови права. Се сеќавам дека родителите се организираа во смени и дека го фатија на крајот. Блиску беше 29 ноември – полициска станица, веројатно го однеле таму. Така се решивме од опасноста. Секогаш одевме во групи. По две девојчиња, ретко кога некој се враќаше сам од училиште. А кога ми се случи ова пред лифт, тогаш бев веќе возрасна девојка.Многу се плашев. Се дерев како магаре. Никој од соседните станови не излезе да види за што се работи – раскажала Сузана.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.