Саша Ковачевиќ се огласи по тешката борба: Пејачот видно ослабен поради болеста, месец дена поминал на клиника! (ВИДЕО)

Сега е добар...

Поп-пејачот Саша Ковачевиќ изминатите месеци имаше здраствени проблеми, поради кои се повлече од јавноста.

Во ургентниот центар бил примен на 20 мај, откако крвната слика му била лоша и се чуствувал омалаксано.

„Саша делуваше лошо кога дојде. Веднаш му отворија картон и го пратија на испитувања. Направени му се детални анализи. Крвната слика не беше сјајна и лекарите се двоумеја дали да го задржат викендот или од понеделник“ – рекол извор тогаш, а дека пејачот не е добар потврдил и неговиот пр-тим.

Неколку дена после тоа, Ковачевиќ е пуштен од болница на домашно лекување.

„Саша повеќе не е во болница. Замина дома со препорака на докторите. Тој е фин и културен човек, сите имаат само убави зборови за него, а сам призна дека не водел доволно сметка за себе. Веруваме дека се ќе биде во ред и дека самиот себе ќе си биде на прво место“ – рекол близок пријател на пејачот.

По месец дена тешка борба, се огласи и Саша кој се заблагодари на сите доктори и фановите за грижата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.