Рита Ора со најспецифичен изглед на црвен тепих за 2023-та година: Ги воодушеви сите! (ФОТО)

Боцкаво и впечатливо, Рита Ора знае како да привлече внимание...

Познатата ѕвезда Рита Ора го „запали” црвениот тепих на доделувањето на „Модните Награди” за 2023-та година во Ројал Алберт Хол во Лондон во понеделникот, со изглед како никогаш до сега, создаде историја на модните награди за 2023-та година.

Пејачката се појави на црвениот тепих во елегантен црн фустан со низок отворен грб, откривајќи го феноменалниот естетски детал – хромиран рбет кој и го покрива грбот.

Рита Ора откри дека биле потребни три часа за да се изгради сребрениот рбет кој во комбинација со фустанот со отворен грб направи бум.

За гламурот, Ора изгледаше прилично едноставно, неутрална шминка и „неуредна” врзана коса. Хромирани нокти, сребрени обетки и метални алки го завршија нејзиниот изглед.

Во видеото кое го објави на Инстаграм, Ора го покажува процесот на подготовка за настанот.

„Минатата година, не знам дали се сеќавате, направивме врева, бидејќи креиравме навистина кул детал на моето лице“, рече Ора во видеото. „Но, овој пат ќе одиме на уште поголемо: сребрен хромиран рбет. Ќе бидат потребни околу два, три часа за да се подготви“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.