Пејачка од „Никогаш не е доцна“ доживеала трагедија: Низ солзи раскажа дека нејзиниот сопруг се самоубил! (ВИДЕО)

Тажно...

Пејачката Натали Пријовиќ (47) публиката ја запозна во првиот круг на „Никогаш не е доцна“, кога со своите вокални способности и енергија воодушеви милиони луѓе, а сега првпат прозборе и за трагедијата која и се случила.

За време на натпреварувањето се соочила со голема болка и семејна трагедија, бидејќи нејзиниот сопруг си го одзел животот на почетокот на годинава.

„Мојот сопруг се самоуби. Беше премногу силен човек, способен и весел, но очигледно живееме во некое тотално лудо време“ – таа едвај собрала сила да ја раскаже својата животна приказна.

Натали раскажала колку тешко и стресно таа и нејзиното семејство ја поднеле оваа трагедија.

„Се уште е свежо, се уште има тага, а пред се огромна грижа и совест што на време не успеавме да претпостаивме што може да се случи и да го спречивме. Тој терет ќе го носиме до крајот на животот. Да не зборувам колку тага чуствуваме, ситуацијата е трауматична“ – рекла таа.

Погледнете го нејзиниот настап:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.