Констракта го „полуде“ и Холивуд: Најпопуларната млада американска актерка ја слуша „In corpore Sano“! (ФОТО)

Песната стана вирална...

Фото: Инстаграм

Зендаја, една од најпопуларните млади холивудски актерки на своето „стори“ на Инстаграм ја објави својата топ-листа на најслушани песни, помеѓу кои се најде и српската преставничка на „Евровизија“, Констракта.

Зендаја на својот профил сподели топ-листа на 10 најслушани песни. На првото место се наоѓа нејзината песна од серијата „Еуфорија“, но на шестото место се наоѓа Констракта со песната „In corpore Sano“.

Зендаја со овој потег привлекла голем број српски фанови, кои масовно започнале да ги коментираат стиховите од песната.

„Уметница мора биди здрава, биди здрава, бити, бити, бити, здрава“.

Инаку, после Србија, Констракта се наоѓа во трендинг на Јутјуб во целиот регион, а на прво место е во  Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и други…

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.