Животот на жените во овие 6 земји е рамен на пекол: Ги убиваат и силуваат без милост!

Вистински хорор!

Во продолжение дознајте во кои земји жените и денес се изложени на тортура

Положбата на жените е нешто што во многу земји повеќе не се доведува во прашање. Тие уште во 1950-тите години на минатиот век се избориле за рамноправност меѓу половите, а последниве години сведоци сме на тоа дека многу жени се наоѓаат на лидерски позиции.

Сепак, ситуацијата не е таква во некои земји, а фактот дека живееме во време на напредок од сите можни аспекти, не важи таму. Во овие земји жените сè уште немаат речиси никакви права, а нивниот живот е многу тежок.

Пакистан

Жените во Пакистан често се жртви на семејно насилство, а оваа земја во 21 век сè уште нема усвоено закон против насилство во семејството. Во некои племенски области ги силуваат жените поради криминал што го извршиле нивните мажи, а далеку пораспространето е убиството поради чест. Вознемирувачки се и податоците дека околу 90 отсто од жените во Пакистан барем еднаш во животот доживеале некаква форма на насилство и дека тие заработуваат дури 82 отсто помалку од мажите.

Индија

Индијките исто така често се жртви на семејно насилство, на трговија со луѓе, а многу од нив мораат да стапат во договорени бракови уште како девојчиња. Во Индија голема е стапката на ХИВ-позитивни луѓе, а помеѓу заразените возрасни, 39 отсто се жени. Според некои официјални податоци, во оваа земја се извршува криминал над жените на секои 3 минути, силувана е по една жена на секои 29 минути, а на секои 77 минути една жена починува како последица на физичко малтретирање од страна на сопругот или некој друг маж.

Сомалија

Граѓанската војна, која со години трае во оваа земја, ги помести жените од положбата на столб на семејството во една крајно неповолна положба. Дури 95 отсто од девојките во Сомалија се соочуваат со генитално осакатување на возраст помеѓу 4 и 11 години. Жените во оваа земја ретко се вработуваат и заземаат вкупно 7,5 отсто од службеничките места, додека само 9 отсто од нив работат во некоја здравствена установа.

Гватемала

Не се само жените од Африка, Индија и муслиманските земји во неповолна положба, а за тоа сведочат податоците од Гватемала. Таму тие често се жртви на насилство, силување, а бројот на заразени со вирусот ХИВ  е веднаш под Суб-сахариска Африка на листата.

Демократска Република Конго (ДРК)

Во источниот дел на ДРК, војната што одзела повеќе од 3 милиони живот, повторно избила со жените на првите борбени линии. И овде жените секојдневно се жртви на насилство, особено од страна на вооружените сили и одметнатите вооружени војници. Околу 1.100 жени завршуваат силувани секој ден, а од 1996 година до денес биле силувани повеќе од 200 илјади жени. Жените во Конго не можат да добијат документи без дозвола од мажот.

Авганистан

Просечниот животен век на жените во Авганистан е 45 години. Благодарение на 30-годишната војна, жените останале неписмени, а повеќе од половина од сите жените се мажат пред да наполнат 16 години. На секој половина час умира по една жена на породување, а околу 85 отсто од нив се породуваат без никаква медицинска помош. Овде жените често се жртви на силување, а според законот на оваа земја, тие мораат да се омажат за оној што ги силувал.

Женски приказни: за вистинските и за погрешните избори
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.