Вистината за ќерките на Мадлен Олбрајт: Еве каде живеат и што прават денес!

Нема да ви се верува со што се занимаваат

Вчера почина Мадлен Олбрајт, а нејзините ќерки објавија заедничко соопштение

Политичарката Мадлен Олбрајт родила три ќерки. Близначките Алис и Ен се родени во јуни 1961 година и сега имаат 60 години. Нивната сестра Кетрин е родена пет години подоцна и сега има 55 години.

Сите нејзини ќерки се омажени и имаат свои семејства.

Странските медиуми пишуваат дека ќерките на Мадлен Олбрајт имаат многу динамични професии. Во една пригода, и самата Мадлен рекла:

„Имам три ќерки, сите се омажени и сите имаат деца и сите имаат многу динамични професии. Сето тоа воопшто не е лесно, па постојано разговарам со нив.“

Алис дипломирала на колеџот Вилијамс, а магистрирала меѓународни односи на Универзитетот Колумбија. Се омажила во 1987 година, а нејзината сестра близначка ѝ била деверица во таа пригода.

Ен дипломирала историја и економија на Универзитетот Дортмунд, за подоцна да дипломира и право на Универзитетот Џорџтаун. Била именувана за судијка во шестиот окружен суд во округот Монтгомери.

Кетрин, попозната како Кејти, исто така дипломирала право и работи како адвокат во организација што ги застапува децата во Сан Франциско.

Ќерките заедно објавила за смртта на својата мајка на нејзиниот твитер-профил, и тоа со овие зборови:

„Со скршено срце можеме да објавиме дека докторка Мадлен Олбрајт, 64. државен секретар на САД и првата жена на таа функција, почина денес.

Причината беше рак. Беше опкружена со семејството и пријателите. Изгубивме сакана мајка, баба, сестра, тетка и пријателка.“

Се зборува дека ќерките на Мадлен Олбрајт многу ја ценат работата на нивната мајка и дека таа отсекогаш им била идол. Нивната желба е да ги следат нејзините стапки.

Првиот човек за енергетика на Бајден тешко би се вклопил кај нас: Фустанот, карминот и мустаќите се неговиот заштитен знак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.