Што се крие зад свршеничкиот прстен на Кејт Мидлтон? Приказна што го одзема здивот (ФОТО)

Шоубизнис

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам навршија 11 години брак годинава.

Сите кои го следат кралското семејство не можеа да не го забележат прстенот на раката на принцезата кој им го привлекува вниманието на многумина уште од 29 април 2011 година, на големото венчавање во Лондон.

Впечатливото парче накит првиот пат беше откриено неколку месеци порано, во ноември 2010 година, кога парот објави за светот дека се свршил. Меѓутоа, која е приказната зад прекасното сино парче накит?

Прстенот има 12-каратен овален цејлонски сафир, кој е опкружен со 14 дијаманти и поставен во 18 каратно бело злато. Се верува дека се темели на брошот што принцот Алберт ѝ го направил на својата идна сопруга, кралицата Викторија, во далечната 1840 година, пишува „Вог“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@the_royal_news)

Во некој момент, овој брош ѝ припаѓал на покојната кралица и го инспирирал кралот Чарлс кога го избралсвршеничкиот прстен за принцезата Дијана во 1981 година. Прстенот сега има голема историска вредност, а за материјалната и да не зборуваме, така што многумина ќе речат дека всушност прстенот е бесценет.

Дали прстенот ѝ припаѓаше на Дијана?

Првиот сопственик на прстенот беше покојната принцеза Дијана. Таа го добила од сегашниот крал Чарлс кога ја побарал за жена во 1981 година. Нејасно е дали откако се развеле во 1996 година му го вратила на некогашниот сопруг. Меѓутоа, по нејзината смрт во 1997 година, прстенот заврши во рацете на нејзините синови. Се верува дека нејзиниот помлад син, принцот Хари бил првиот што го примил прстенот. Пол Барел открива дека војводата и неговиот брат требале да одберат спомен од нејзиниот имот откако починала. Се потсети што кажал принцот Хари:

Се сеќавам кога ја држев мама за рака како дете и тој прстен секогаш ме притискаше бидејќи беше толку голем, пренесува „Д сан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@the_royal_news)

Според приказната, поранешниот батлер потоа отишол до сефот и му го дал прстенот. Сепак, Хари подоцна одлучил да му го даде на својот брат пред да ја запроси тогашната девојка Кејт. Тој наводно рекол:

Зар не би било убаво да го има прстенот на мама?, пишува „Д сан“.

Се верува дека постариот брат тогаш му го подарил часовникот од мајка им, кој го добила како подарок за 21-от роденден од својот татко.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.