Се зборуваше дека го уловила спонзоруша: Но само средовечна криза може да натера маж да ги остави жената и децата!

Неверојатно!

Поради неа е подготвен да оди во вежбалница, да летува на Карибите, да се сонча и да се затегнува за да си ја врати изгубената младост

Основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе на светот Џеф Безос го покажа своето извежбано торзо додека бил на одмор на јахта во Сент Бартс, каде што бил фотографиран во друштво на неговата девојка Лорен Санчез, поради која ја оставил сопругата по повеќе од 20 години брак.

57-годишниот Џеф очигледно поминува многу време во вежбалница со што и се пофалил овие празници кои одлучил да ги помине на Карибите, а папраците подготвено го дочекале. Шест години помладата Лорен ја покажала својата фантастична фигура во бикини кое совршено ги нагласило нејзините бујни облини.

Двојката не крие колку се вљубени, а камерите го искористиле моментот и ги уловиле сите нивни разменувања нежности и бакнежи.

Џеф инаку во 2019 година се развел од сопругата Мекензи Безос по 25 години брак, а причината за развод била токму атрактивната Лорен.

Двојката првпат била видена на Вимблдон во 2019 година каде што во свечената ложа непрестајно си разменувале нежности и дури не го ни гледале финалниот натпревар.

Потоа, станале неразделни а иако јавноста не верувала во нив и сметала дека Лорен ги сака исклучиво само неговите пари, се чини дека тие сè уште се вљубени како на почетокот.

„Бадијала ти се милијардите, не си Леонардо Ди Каприо“: Видеото од Џеф Безос и девојка му го обиколи светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.