Се лекувала од зависности, ѝ ги блокирале сметките, боледува од повеќе болести: Но тоа не е крајот на нејзините маки!

Венди Вилијамс

Водителката Венди Вилијамс (57) повеќе нема да ја води својата емисија The Wendy Williams show, со која се прослави

Американската водителка Венди Вилијамс (57) боледува од лимфедем – прогресивно отекување на меѓуклеточното ткиво на одреден дел од телото, најчесто на еден или на повеќе екстремитети. Поради болеста, стапалата ѝ позелениле.

Лимфедемот предизвикува отоци, но и јадеж и чувство на жештина под кожата, кои обично се појавуваат на рацете и на нозете. Нема лек, но добра е веста дека може да се држи под контрола.

Сепак, водителката повеќепати е фотографирана како сè потешко се движи, а неретко се потпира на своите асистенти и возачи.

Неодамна се појавиле вести дека The Wendy Williams Show официјално ќе заврши и ќе биде заменето со емисијата на нејзината колешка Шери Шеперд (54), и тоа уште оваа есен.

Тоа го потврдил и ПР-от на водителката, кој изјавил дека таа е свесна за реалноста и на за фактот дека ѝ дошол крајот.

Како што пишуваа медиумите, Венди неодамна му испратила писмо на судот во кое наведува дека банката Wells Fargo не сака да ѝ овозможи пристап до сметките, а сега ја изгубила и работата. За целата ситуација, наводно, виновна е нејзината поранешна финансиска советничка, која во изјава на суд рекла дека Венди не е при здрав разум, поради што банката ѝ ги блокирала сметките.

Венди Вилијамс боледува и од Гравесова болест, што е најчестиот облик на хипертиреоза. Тоа е автоимуно нарушување на метаболизмот до кое доаѓа поради претерана активност на тироидната жлезда или претерано лачење хормони на тироидната жлезда.

Актерот Ентони Едвардс минатата година во емисијата The Ricky Smiley Morning Show открил дека водителката целосно изгубила циркулација во нозете и дека моментално се движи исклучиво со помош на количка.

Покрај тоа, Едвардс додал дека Венди е во ран стадиум на деменција и дека челниците на компанијата Lionsgate даваат сè од себе за да ја спречат да влезе во нова депресивна епизода и повторно да почне да се опијанува.

Венди минатата година била на одвикнување, а на обожавателите им го признала тоа дури кога почнала да се разведува. Во текот на нејзината кариера многу соработници ги загрижувала нејзината зависност од алкохол.

Борбата на популарната водителка продолжува: „Иако се гледа дека сум дошла до самото дно, сè уште не се откажувам од надежта“
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе