Прогласени се ѕвездите на убавината: Сигурни сме дека ги сакате или ќе ги засакате исто како и ние!

#UIZBEAUTYSTARS

Нашите и ваши бјути-ѕвезди!

Нега на лицето

ХИДРОТОНИК OLIVAL И ПИЛИНГ-ТОНИК OLIVAL СО АХА И ПХА – тоници за лице

Хидротоникот за лице Olival е хидратантен, негувачки тоник, кој моментално (ре)хидратизира, ја урамнотежува pH-вредноста и го намалува ефектот на тврдата вода на кожата. Наменет е за сите типови на кожа, особено за кожа склона кон дехидрација. (495 ден.)

 Пилинг-тоникот Olival содржи 5,9% АХА и ПХА киселини за ефективна ексфолијација. Тоникот прави нежен хемиски пилинг на сите типови кожа, вклучувајќи ја и зрелата кожа.

Лесно ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја враќа многу потребната влага, а со долгорочно користење тенот станува помазен, прочистен, изедначен и сјаен. (750 ден.)

ТОНИРАЊЕ – НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ГО ОВОЈ ВАЖЕН ЧЕКОР ВО НЕГАТА!

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ТУКА

BABE LABORATORIOS HEALTHYAGING+ – медицинска козметика

Линијата HealthyAging + на медицинската козметика Babe Laboratorios е комплетно решение за здрава витална кожа и за третман на знаците на стареењето. Формулите претставуваат синергија помеѓу најефективните активни состојки во козметиката и најиновативните супстанции против стареење, кои ја „почитуваат“ и најчувствителната кожа.

Користете го серумот Multi Rejuvenating | Revitalizing Booster (2.800 ден.) во комбинација со дневниот крем со заштитен фактор Multi Protector Spf30 | Lifting Cream (1.850 ден.), a за осетливиот предел околу очите и усните, кремот Multi Corrector | Eyes And Lips Tensor (1.190 ден.), кој освен што има негувачко дејство, ги спречува и коригира брчките.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ТУКА

BIOTEN HYALURONIC GOLD – серум за лице

 

Hyaluronic Gold е пополнувачки бисерен серум за лице на Bioten, кој со технолошки револуционерната бисерна формулација обезбедува брза и ефикасна апсорпција. По притискање на диспензерот, бисерите се кршат и се претвораат во свиленкав серум, кој се топи веднаш при допирот со кожата.

Моќниот состав обезбедува оптимално ниво на хидратација и пополнување на брчките и им се спротивставува на штетите од влијанијата од животната средина.

Серумот има над 90% природни состојки, а за најдобри резултати нанесувајте го серумот во комбинација со другите производи од линијата HYALURONIC GOLD.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ТУКА

Embryolisse Lait-Crème – хидратантен крем за лице

Повеќенаменскиот хранлив хидратантен крем Embryolisse Lait-Crème Concentré има статус на култен производ, бидејќи е лансиран пред точно 70 години од страна на д-р Трико, дерматолог од болницата „Сен Луј“ во Париз.

Ги содржи само неопходните активни состојки потребни за кожата да биде здрава и убава, па поради тоа брзо ги освоил сите дерматолози и фармацевти, кои со задоволство го препорачувале.

Кремот со годините стана неизоставен дел од несесерите на познатите мејкап-артисти и модели, како и на инфлуенсерите во модерната доба. Испробајте ја француската тајна за убава и негувана кожа.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ТУКА

NEUTROGENA CELLULAR BOOST – антиејџинг-кремови

Дневниот крем со СПФ 20 Cellular Boost Anti-Ageing и ноќниот крем на Neutrogena се формулирани за видливо подобрување на трите главни знаци на стареење: брчки, губење на еластичноста и нерамномерен тен за само четири недели употреба.

HexinolTM стимулира создавање природен колаген и еластин, ретинолот го стимулира обновувањето на клетките на површината на кожата, витаминот Ц помага за коригирање на нерамномерниот тен и за намалување на темните дамки, додека хијалуронската киселина помага за зајакнување на природната заштитна бариера на кожата и за подобрување на хидратацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ТУКА

MERZ SPEZIAL – убавина одвнатре и однадвор

Со комбинацијата на кремови во облик на пена и дражеи на Merz Spezial ќе постигнете иновативна нега на кожата на лицето и совршена потпора на убавината одвнатре. Hyaluron Cream Mousse за сува кожа без тонус и Collagene Cream Mousse за интензивно дејство против брчки и позрела кожа.

Благодарение на пенестата структура, активните супстанции влегуваат подлабоко во кожата, брзо се впиваат и со тоа ја хранат кожата и даваат подобри резултати во негата. За најефикасна рутина, наутро користете го хијалурон крем-мусот, а навечер колаген крем-мусот.

Дополнително, дражеите се специјално дизајниран нутритивен додаток за здрава кожа, силна сјајна коса и убави цврсти нокти.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ТУКА 

За да дознаете кои се преостанатите ѕвезди на убавината, продолжете на третата страница…
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе