Фризерот на Меган Маркл одговори на прашањето на Констракта: Ова е тајната за здрава коса! (ФОТО)

Ова се чекаше...

Фото: Принтскрин

Одговорот на прашањето на Констракта во песната „In corpore sano“, која е тајната на здравата коса на Меган Маркл, конечно стигна и тоа лично од нејзиниот фризер Џорџ Нортвуд.

Џорџ стои позади најпознатите фризури на Меган, како што е елегантната пунџа на кралската венчавка, па до претпознатливите нејзини бранови. За „Вог“ магазинот открил осум правила до кои се придржува кога ја стилизира косата на војвотката.

„Еден од моите претпознатливи стилови се „недовршените“ бранови. Така изгледа косата шик и природно без многу напор. Изгледа природно и така остава впечаток на здрава коса, бидејќи може да ги покрие недостатоцит – истакнал нејзиниот фризер.

„Добар спреј за волумен или текстура може да биде совршена база за стајлинг. Без оглед на тоа дали вашата коса е во добра состојба или не, користењето производи за зголемување на волуменот пред обликувањето ќе даде илузија дека е густа и здрава коса – открил Џорџ.

„Редовно, квалитетно шишање ќе го подобро здравјето на вашата коса, како и нејзината мобилност – изјавил Нортвуд.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.