Ова е ритуал на Александра Пријовиќ за секој концерт: Пејачката го прекрши правилото, сите збунето се прашуваат зошто! (фото)

И тоа се случува...

Пејачката Александра Пријовиќ целосно заборави на концертниот ритуал во Загреб, но за тоа има одлично оправдување.

Александра Пријовиќ распродаде пет концерти во Загреб во рамки на нејзината турнеја „Од исток кон запад“.

Досега за време на турнејата настапуваше во Белград, Ниш и Сараево, а на секој нејзини концерт применуваше свој ритуал.

Имено, Александра за време на секој од овие настапи правеше селфи од сцената со публиката. Тоа можевме да го видиме неколку пати, но тоа не се случи на последниот концерт.

На последниот концерт во Загреб, таа заборави да ја испочитува оваа традиција, но имаше повеќе од одличен изговор за тоа и сите целосно ја поддржаа.

„Беше толку добро што заборавив да направам селфи. Но, оваа фотографија кажува повеќе од сите зборови… Те сакам Загреб“, напишала Пријовиќ на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.