Отпеаја планетарен хит, па исчезнаа без трага и глас: Еве што прават денес сестрите од познатата група Las Ketchup!

Некогаш и сега

Сите се прашуваат што се случило со нив

Пред 20 години, овие девојки го полудеа целиот свет. Ретко кој го нема слушнато нивниот голем хит или пак заиграл неколку пати на неговиот ритам. Чудната судбина ги довела овие сестри до планетарен успех, а сите се прашуваат денес каде е популарната шпанска група Las Ketchup.

Познатите сестри Луција, Лора, Пилар и Росио Муњоз во далечната 2002 година ја отпеаја песната што ги сруши сите рекорди.

Сепак, по оваа песна не успеаја да пронајдат еднакво добар хит, па светската кариера сега е далеку зад нив. Иако многумина им предвидуваа меѓународна кариера, сестрите не успеаја да го остварат тоа.

По првиот хит се повлекоа од јавноста за да работат на нова музика, а во тој период Пилар родила дете, па бендот од приватни причини беше на пауза. Им се придружи и четвртата сестра Росио со која се појавија на Евровизија во 2006 година, каде што ја претставуваа Шпанија и завршија на 21. место.

Сестрите сè уште настапуваат во својата држава, но повеќе му се посветени на семејниот живот.

Ги полуди мажите со својата убавина, го отпеа најголемиот хит во 1990-тите, па исчезна: Нема да ви се верува како изгледа денес!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.