Новото лице на Мадона ги збуни сите: Дали е возможно од баба да се направи девојка?

Се шушка

Мадона го испревртела стареењето – сега повторно е тинејџерка, само што публиката сега ја презеде улогата на родител па шокирано го гледа нејзиното посрамотување на социјалните мрежи

Општеството пропагира младешки изглед. Тоа е факт. Поради тоа, стекнуваме впечаток дека срамота е да се остари. Ако имаш брчки – стара си, ако имаш седа коса – си се запустила.

Но каде е границата? Дали денешните жени навистина мораат со текот на годините да стануваат сè помлади? Да го затегнуваат лицето толку многу што не можат да се насмеат? Да не можат да покажат емоција?

Мадона отсекогаш важела за некој што им пркоси на трендовите и што се стреми сама да ги создава трендовите. Но во последно време, самата Мадона се претворила во девојче! Буквално! Мадона на фотографиите од почетокот на кариерата изгледа постаро од Мадона денес. Доказ за тоа се овие две фотографии:

Иако отсекогаш ѝ била омилена на публиката, денес речиси никој не ја разбира Мадона. Коментарите под нејзините нови фотографии на социјалните мрежи се искрени и не се многу ласкави за кралицата на поп-музиката.

„Жено, ти имаш 63 години, ова е срамота! Биди посериозна!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


Но Мадона не планира да застане. Се однесува како класична тинејџерка, само што сега нејзината публика ја презеде улогата на родител. Поради тоа, на сите тешко им паѓа нејзиното посрамотување на социјалните мрежи каде што позира буквално гола, покажувајќи ги најновите дела на нејзините пластични хирурзи.

И кога ќе му стави крај на тоа? Што уште можеме да очекуваме од Мадона, кога досега веќе направи сè и повеќе од тоа?

Мадона за корекции на лицето потрошила 200.000 евра: Погледнете што се има направено! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.