Новак Ѓоковиќ сакаше да се повлече од професионалниот тенис! Еве и зошто (ВИДЕО/ФОТО)
Сосема нови детали за животот на тенисерот
Оваа шокантна информација ја соопшти најдобриот тенисер на сите времиња во едно од неговите интервјуа
Новак Ѓоковиќ сакал и планирал да стави крај на својата тениска кариера пред повеќе од пет години и само затоа што се изневерил. Во неодамнешно интервју кое дава сосема нови детали за животот на српскиот тенисер, тој зборуваше за најтешката повреда која ја имал во текот на професионалната кариера.
Оваа шокантна информација ја соопшти најдобриот тенисер на сите времиња во едно од неговите интервјуа. Додека беше на американската турнеја – каде што неочекувано брзо беше елиминиран од Индијан Велс – Новак раскажа како плачел пред операцијата што му го променила животот, што значеле за него зборовите на мајка му Дијана во тој момент, како реагирале неговите колеги и членовите на семејството и зошто не ја заврши кариерата кога одлучи дека не сака повеќе да игра тенис!
Во разговорот кој дава сосема нови детали за животот на српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ зборуваше за најтешката повреда која ја имал во текот на професионалната кариера.
„Тоа беше повреда на лактот што ме спречуваше да ја кревам раката или да сервира правилно. Играв со болки и со помош на апчиња, плачев дека морам да се оперирам, а потоа се вратим посилен од било кога и влегов во историјата“, рече тој.
Инаку, тогаш Новак имаше 30 години. Некои од спортистите на таа возраст влегуваат во последната фаза од својата кариера.
Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:
Коментарите се заклучени.