„МОЖЕБИ НИКОГАШ НЕMA ДА МЕ ВИДИТЕ ПОВЕЌЕ!“ Познатата актерка се бори со злокобната болест, порано освојуваше со својата убавина а сега едвај оди

„Ова е веројатно последен пат да учествувам на доделување награди како актерка“

Кристина Еплгејт се појави на доделувањето на SAG-наградите во Калифорнија, каде што беше номинирана за најдобар комичар. Нејзиното доаѓање во придружба на нејзината ќерка, која многу личи на неа, трогна многумина.

Како што кажа и самата Кристина, ова можеби е последен пат да се појави на црвениот тепих. Актерката се бори со мултиплекс склероза и со еден посебен детаљ го покажа својот однос кон тешката автоимуна болест.

51-годишната актерка се појави во црн кадифен фустан и со стап на кој пишуваше кратенката „Е** се МС“. Оваа болест, меѓу другото, предизвикува тешка истоштеност, слабост и проблеми со движењето. Кристина често користи инвалидска количка, а во вакви пригоди излегува со бастун. Таа веќе најави дека присуството на SAG Awards ќе биде нешто големо за неа.

Ова е веројатно последен пат да учествувам на доделување награди како актерка. Во моментов не можам да замислам да станам во 5 часот наутро и да поминам 12 до 14 часа на снимање; во овој момент тоа го немам во себе – рече Кристина.

Публиката како да почувствува дека повеќе нема да ја види во таа улога, па нејзиното појавување го награди со голем аплауз. Таа откри како  ќе заработува за животво иднина, со оглед на тоа што е спречена да глуми поради здравствените проблеми.

Правам многу нахсинхронизации. Тоа ми е важно, бидејќи можам да заработам пари и да ја издржувам ќерка ми. Мојата најголема радост е кога можам да станам наутро и да ја однесам на училиште – вели холивудската актерка.

Кристина со многу мака ја заврши третата сезона од популарната серија. Снимањето било прекинато пет месеци, бидејќи по дијагнозата морала да се соочи со тешките симптоми на мултиплекс склероза, но и целосната промена на животот предизвикана од болеста. За две години се здебелила 20 килограми поради недостиг на движење. Нејзиното здравје претходно беше сериозно загрозено од ракот на дојката, поради што ѝ беше извршена билатерална мастектомија.

Како Кристина, и актерката Селма Блер, со која глумеше во филмот „Најслаткото нешто“, исто така се бори со оваа злобна болест. Еплгејт со оваа објава растажи милиони фанови, а сите се надеваат дека убавата актерка ќе закрепне и повторно ќе застане пред камерите.

Погледнете како Кристина изгледаше на доделувањето на SAG-наградите во видеото подолу.

@news.com.au This is her “last awards show as an actor” amidst her battle against multiple sclerosis 😥 #christinaapplegate #sagawards #multiplesclerosis #foryou ♬ suara asli – DENII

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.