Маестрален спектакл на уникатната саксофонистка Кенди Далфер во Македонската Филхармонија!

Ексклузивен џез-фанк концерт

Холандската џез и поп саксофонистка Кенди Далфер на 8 април го одржа својот концерт пред македонската публика

Маестралната џез-фанк саксофонистка Кенди Далфер приреди вистински спектакл во Македонската Филхармонија, во организација на „Авалон продукција“.

Заедно со својот бенд „Греми“, Кенди Далфер го претстави својот 13-ти студиски албум We Never Stop издаден во 2022, кој претставува храбра мешавина на еуфорични џез сола и поп-фанк.

Публиката уживаше во концертот, кој истовремено беше и интимен и енергичен, и си замина со насмевка на лицето.

Инаку, Кенди Далфер е соло-артистка, инструменталистка и текстописец, позната по соработките со некои од најголемите имиња во музиката, како Ван Морисон, Лајонел Ричи, Пинк Флојд, Арета Френклин, Принц, а кој може да го заборави музичкиот дијалог со Дејв Стјуарт во Lilly Was Here – хитот што ја лансира нејзината кариера?

Оваа неверојатна дама успеа да ги крене сите присутни на нозе со својот страстен настап и им порача: „Животот е краток и треба повеќе да се забавуваме!“

Погледнете каква беше атмосферата во нашата галерија во продолжение…

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.