Кортни Кардашијан повторно го шокира светот: Старлетата пие сперма за да забремени, а еве што вели нејзиниот доктор за тоа!

Дали ви се верува?

Докторот појаснил дали навистина има поента тоа што го прави познатата старлета – таа пие сперма за да ги зголеми шансите да забремени!

Кортни Кардашијан неодамна се омажи третпат за Травис Баркер, а претходно се најде на мета на негативни коментари поради тоа што се здебелила. Старлетата потоа се огласи и објасни дека таквите коментари не ја погодуваат, бидејќи се обидува да забремени со помош на вештачко оплодување.

Таа потврдила дека сé уште работат на тоа да добијат бебе и изјавила дека со сопругот посетуваат експерт за ајурведска медицина за да ги зголемат шансите за бременост.


Во новата епизода на реалното шоу Keeping Up with the Kardashians, Кортни рекла дека експертот од областа на оваа алтернативна медицина им кажал дека може да им помогне тоа ако четири пати неделно ја пие спермата на Травис.

Таа идеја очигледно му се допаднала на нејзиниот сопруг, кој кажал дека му се допаѓа овој доктор.

Но ако прашате медицински лекар, тој ќе ви каже дека тоа што ѝ го препорачал лекарот од ајурведа на Кортни, нема да ѝ помогне.

„За сите 30 години колку што работам во областа на плодност и гинекологијата, во ниту едно официјално истражување немам прочитано дека пиењето сперма може да ги зголеми шансите за бременост“, открил доктор Џејмс Хопкисон, директор на TFP Fertility Group.

Тој објаснил дека репродуктивниот систем е одвоен од дигестивниот, па затоа тоа дали жената ќе ја проголта или плукне спермата, нема никакво влијание врз зачнувањето.

Иако ајурведската медицина се базира на пристапи што се однесуваат на целото тело, вклучувајќи ги исхраната и менталната благосостојба, никаде во официјалната литература не се споменува голтање сперма.

Од друга страна, тоа не значи дека тоа што го јадете или пиете не влијае врз плодноста.

„Употребата на суплементи пред зачнувањето е многу важна. Сите жени би требало да земаат фолна киселина и витамин Д за да го намалите ризикот од рахитис и други нарушувања“, појаснил докторот Хопкисон.

Што се однесува до плодноста на мажите, истакнал дека може да помогне промената на животните навики, како што се откажувањето од цигари, симнувањето вишок килограми, исфрлањето на алкохол и кафе.

„Земањето суплементи како витамин Ц, цинк, селен и Л-карнитин може да помогне. Неодамнешно истражување покажа дека постојат придобивки од земањето коензими Q10, кои ја подобруваат функцијата на сперматозоидите.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.