Јаде бурек, но ова никако не смее да го консумира: Јелена Розга открива како ја одржува фигурата и од што се откажала заради убавината

Животот на познатите

Јелена Розга откри која исхрана со години ја практикува на што се должи нејзината топ форма.

Хрватската пејачка Јелена Розга од неодамна го прослави 45. роденден, а со оглед на тоа што важи за една од најнегуваните жени на овие простори, многу мислат дека е 10 години помлада. Пејачката ги откри своите мали тајни, за што е заслужен нејзиниот младолик изглед.

„Многу спијам, никогаш не консумирам алкохол. Јас не знам каков е вкусот на виното и останатите произвои. Генерално пијам само вода, пред неколку години ги исфрлив газираните сокови, првенствено поради срцето и штитните жлезди. Одам на масажи, опуштени терапии и малку се шминкам“, вели Јелена.

Беспрекорниот, порцелански тен стана нејзин заштитен знак, а сокривањето од сонцето е уште еден доказ колку прекумерното сончање влијае на квалитетот на кожата.

„На сонце не излегувам, порано ме гледаа како бев толку бела, а од Сплит сум, но навикнаа дека тоа сум јас“, истакнува пејачката.

Розга е позната по фит фигурата за која сепак не се задолжени напорните тренинзи.

„Не тренирам, но многу сум активна и енергична, тоа многу ме троши. Веројатно е поради генетиката и класичниот балет со кој се занимавав пред да почнам да пејам во групата „Магазин“, па можам на себе да си дозволам бурек после некоја свирка, да испијам јогурт и да легнам да спијам“, рече Јелена за ТВ Прва.

Сплитстката пејачка има 57 килограми, а како што изјави во една прилика, поради проблемите со штитната жлезда не може да се здебели.

Јелена во 2006 година и е откриена хипертиреоза, а пред четири години и тахикардија. Пејачката тврди дека поради својата здравствена состојба веќе со години има иста тежина.

„Мојот проблем со штитната жлезда не ми дава да се здебелам ни пола килограм, но има нешто и до генетиката и до тоа што живеам покрај море. Штитната жлезда понекогаш умее баш да ме зафркне, но генерално добро се чувствувам. Не се давам јас, само насмевка на лицето и позитива“, истакнува Розга.

Сепак, не крие дека е голем гурман и дека мора да води сметка што јаде.

„Внимавам што јадам, иако сум голем гурман. Се трудам храната која ја внесувам да биде лесна и здрава. Јадам повеќе пати дневно, но и во мали количини, затоа што тоа одговара на мојот организам. Некогаш си дозволувам да се опуштам. Сакам медитеранска храна, лесна исхрана, која содржи многу овошје, зеленчук и риба. Во зима сакам да јадам нешто печено“, објаснува Розга.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.