Ја викале телевизиската леди Дијана, а за нејзиното убиство бил осомничен и Аркан! Еден куршум го прекинал нејзиниот живот

Убиството на британската водителка Џил Дандо

Најновата криминалистичка серија на Нетфликс ја открива заднината на еден од најголемите нерешени британски случаи – убиството на телевизиската водителка Џил Дандо

Позната и како „телевизиска принцеза Дијана“, Џил Дандо била убиена на својот куќен праг со еден куршум во главата на 26. април 1999 година.

Нејзината смрт покренала една од најголемите криминалистички истраги во Британија, а опфатила дури 1.393 потенцијални осомничени, 500 часа снимки од улични камери, награда од 250.000 фунти и поништена осуда.

Тоа е случај што и ден-денес ги збунува експертите и јавноста, па не е ни чудо што го привлече вниманието и на Нетфликс, кои ја реализираа ТВ-серијата Who Killed Jill Dando?

Речиси парадоксално, Џил Дандо стекнала слава како водителка на популарна емисија која прикажувала реконструкција на нерешени злосторства. А денес и самата е тема на слични емисии.

Во последните 24 години, колку што се поминати од убиството кое ја шокираше британската јавност, се имаат појавено бројни теории со цел да се реши овој случај. Листата на потенцијални убијци се протега од првиот сосед па сè до Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Имено, според една теорија, Аркан од политички причини наредил ликвидација на водителката. Оваа теорија своевремено била отфрлена од страна на истражителите, но во јавноста и понатаму преовладува мислењето дека Џил Дандо била мета на егзекуција и жртва на професионален убиец.

Деталите од овој случај се прикажани во три епизоди, а серијата стана дел од богатата ризница на крими-наслови на Нетфликс.

Погледнете го трејлерот во продолжение…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.