ИЗГУБЕН ВО ПЛАНИНATA – Спасувачите му се јавувале на ИСЧЕЗНАТИОТ, тој намерно ГИ ИГНОРИРАЛ ПОВИЦИТЕ, а еве зошто

Поим немал дека спасувачите го бараат

Планинарот по кој е организирана потрага на планината Елберт, во Колорадо, ги игнорирал повиците на спасувачите бидејќи „не сакал да одговара на непознати телефонски броеви“.

Кога не се вратил 24 часа, тие започнале спасувачка мисија, а првата што секогаш ја прават во овие ситуации е да му се јават на лицето што исчезнало, но човекот не одговорал.

Како што се испоставило подоцна, видел дека некој му се јавува, но не го препознал бројот на повикувачот, па не одговорил, пренесува Мирор. Спасувачите на округот Лејк велат дека тие ја започнале потрагата како и обично – јавувајќи му се лицето што го бараат.

Спасувачите цел ден ја „чешлале“ областа и не успеале да го најдат, за подоцна сам да се врати.

Човекот изјави дека се изгубил во текот на ноќта и ја барал трагата до утрото. На крајот ја нашол патеката и следното утро се врати во својот автомобил – објавија спасувачите на својот фејсбук-профил за да им ја подигнат свеста на планинарите за тоа колку е важно да бидат достапни и да ги користат своите мобилни уреди за она за што се наменети – пренесува „Мирор“.

PlaninarenjeПланинарот немал поим дека спасувачите го бараат.

Ги игнорираше нашите повици бидејќи не го препознал бројот – соопштија од спасувачката служба.

Во соопштението тие апелираат до планинарите да се јават на телефон, бидејќи можеби станува збор за спасувачи кои само сакаат да проверат дали се безбедни.

Во Колорадо повеќето луѓе знаат како работат спасувачките тимови и дека наша работа е да им помогнеме доколку се најдат во невола, но сепак има и такви кои изгледа не го разбираат тоа – соопшти спасувачката служба.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More