Емина Јаховиќ е под стрес заради синот: Наишол на нејзини фотки со новиот тип
Веќе не е мал
Емина Јаховиќ е бесна како рис на турските медиуми, кои ѝ го следат секој чекор и пишуцваат секој ден за нејзиниот љубовен живот. Иако досега немаше проблеми со синовите Јаман и Јавуз поради врските надвор од бракот, ситуацијата е поинаква сега.
Многу е тажна бидејќи нејзиниот постар син наполни 12 години и за роденден доби мобилен телефон. Како и сите деца, така и тој е на Интернет за да игра игрици, а патем ги чита и вестите што нон-стоп му се појавуваат“, раскажува изворот на магазинот „Стар“, и додава:
View this post on Instagram
#yaemina red ‘radical decision’ semi matte lipstick rocks in this video 💋 #yourlifeisyourstage Soon⏳
Сега налета на приказната дека мајка му има ново момче и ништо не му беше јасно. Почна да ја прашува Емина кој е тој и зошто сите пишуваат за него. На неа сето тоа ѝ падна многу тешко, затоа што е стресно за децата кои се мали за да сфатат некои работи, а сепак доволно големи на 8 и 12 години да видат дека нешто се случува, така што не може да ги лаже“, раскажува изворот близок на Емина, и продолжува:
Ова е страшно, Емина веднаш му објасни на Јаман дека неа и неговиот татко новинарите постојано ги бркаат и пишуваат сешто за нив. Му објасни дека не треба да му обрнува внимание на тоа, бидејќи таа ги има нив двајца и дека не сака никој друг. Се разбира, ако најде нов животен сопатник, прво ќе им каже на синовите. На децата повторно не им беше јасно зошто на Интернет се појавуваат фотографии од нивната мајка која се прегрнува со непознати мажи. Тогаш пејачката закажа консултација со психолог, а во мобилниот на Јаман ги блокира сите сајтови за да ги заштити децата од сите зла за кои пишуваат“, открива изворот за „Стар“.
Фото: Инстаграм