Илон Маск третпат стана татко во тајност: Името на детето е апсолутно единствено – само тој може така да си го крсти синот!

Нека е живо и здраво!

Повторно ја шокира јавноста со крајно бизарниот избор на име

Илон Маск и неговата партнерка, пејачката Клер Грајмс Бушер, станаа родители третпат. Оваа двојка е позната по тоа што им дава бизарни имиња на децата, а тие дефинитивно решиле да го продолжат тој тренд.

Ќерката ја крстиле, ни помалку ни повеќе, туку Y, а синот Ks Ӕ A-12. Ks Æ A-12 (подоцна модифицирано во Ks Æ A-Ksii), нагалено „Кс“, не е легално име во Калифорнија, бидејќи содржи карактер што не е дел од англиската азбука (Æ).

Принова во семејството

Во биографијата што ја напишал новинарот Валтер Исаасон, а која требало да биде објавена на 12. септември, се појавиле ненадејни вести за семејството Маск.

Во неа се открива дека Маск (52) и Грајмс (35), во тајност го дочекале своето трето дете.

Наводно, добиле уште еден син. Според напишаното, тој се вика Техно Механикус, познат и по прекарот „Тау“. Меѓутоа, сите детали од оваа биографија во врска со раѓањето на детето, вклучувајќи ги и датумот и местото, за сега се тајна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chanel (@1.800.chanel)

Овие родители завршија на насловните страници на сите светски магазини, благодарение на тоа што им даваат необични имиња на своите деца. Во декември 2021 година, го прославија доаѓањето на нивната ќерка, родена преку сурогат-мајка. Интересно е што ова се случи само три месеца откако Илон и Грајмс јавно ја прекинаа својата тригодишна врска.

Во интервју од март 2022., Грајмс открила дека има желба за проширување на семејството и изјавила:

„Отсекогаш сме сакале најмалку три или четири деца“.


Меѓутоа, турбулентната природа на нивната врска стана очигледна кога истиот ден по објавувањето на интервјуто, Грајмс го објави нивното раскинување преку твит.

Со сите три деца што сега ги делат, семејството на Илон Маск продолжува да расте, бидејќи тој веќе е татко на шест деца од неговиот претходен брак со канадската авторка Џастин Вилсон.

Грајмс верува во поинаков пристап кон родителството и има откриено дека не се идентификува како мајка. Наместо тоа, нејзиниот најстар син ѝ се обраќа по име.

Децата на Илон Маск изгледаат како да се направени во машина за клонирање: Хаос на Интернет поради овие фотки!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.