Ефикасен, а евтин метод за прочистување замастен црн дроб: Толку ги празни цревата што ги топи и маснотиите!
Тврдење на турски доктор
Напивката на познатиот доктор Мехмет Оз, кој по потекло е од Турција, ги празни цревата и е благотворна за целиот организам
Доктор Мехмет Оз по потекло е од Турција, а познат е по својот детокс-план, за кој тврди дека многу е ефикасен за прочистување на цревата, но и за слабеење. Тој објаснува дека многу е важно да се пијат четири или повеќе чаши вода за детоксикација покрај консумирањето здрава храна, за да се отстранат токсините што побрзи.
Мехмет Оз е роден на 11. јуни 1960. година во Кливленд, а татко му Мустафа во тоа време работел како лекар во Америка. Завршил средно образование во училиштето „Товер Хил“ во Вилмингтон, а потоа дипломирал на Универзитетот Харвард во 1982 година, каде што станал познат како кардиохирург.
Една од главните цели на детоксикацијата со вода
„Сакаме да ги прочистиме цревата на здрав начин. Многу луѓе се преоптоварени од токсините што ги апсорбираат од остатоците на пестициди во храната, од загадениот воздух… Нашиот црн дроб честопати не може доволно брзо да ги филтрира, па така тие се зачувуваат во масните клетки. Како што токсините го напуштаат вашето тело, така маснотиите побрзо се согоруваат, а освен тоа, докажано е дека антиоксидансите во зелениот чај го забрзуваат метаболизмот до 35 отсто“, објаснил докторот.
Докторот го открил овој моќен рецепт:
- 5 шолји ладна филтрирана вода
- 3 шолји јак зелен чај, сварен и оладен
- 1 средна краставица заедно со кората, исечкана на резанки
- сок од половина лимон
- 1/4 шолја свежи листови нане
- 1/2 лажица кајенски пипер
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки и ставете ги во фрижидер. Пијте ја напивката еден час пред секој оброк. Важно е да не внесувате преработена храна, да користите здрави масти, висококвалитетни протеини и многу зрнесто овошје и зеленчук, кои се богати со влакна и антиоксиданси, во секој оброк.
Коментарите се заклучени.