Душко Тошиќ дрско и брутално откри детали за Јелена: Неговите зборови би ја повредиле секоја жена (фото)

Кој се кара тој се сака или...

Фото: Иван Вучиќевиќ за „Свет“

Секоја приказна има две страни!

Односот помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ со години ја интригира јавноста. Иако поп дивата пред година ипол објави дека се разведува од фудбалскиот менаџер, сепак тоа не се случи.

Душко Тошиќ долго време не зборуваше во медиумите за Карлеуша, но Јелена откри дека тие се уште живеат заедно, но дека односот меѓу нив е далеку од добар.

„Се трудам да не останам сама дома со него“, открил Карлеуша при ТВ гостување.

На прашањето на водителот за тоа каква е сега комуникацијата меѓу нив, пејачката само кусо оговори.

„Мислам дека претходниот одговор беше сосема доволен. Можам да кажам дека не е како што би требало. Тоа е животот“, заклучи Јелена.

До неодамна Душко Тошиќ за Карлеуша зборуваше само со суперлативи, со многу љубов, фалејќи ја како сопруга, мајка, пејачка… Сепак, како што признава Јелена, очигледно некои работи се драстично променети.

„Ние сме различни, му простив на Душко за се што направи, но Душко не е тип што простува. Едноставно она медиумско лудило…ретко кој може да го поднесе…“, низ солзи раскажа Јелена во подкастот.

Таа откри и дека Душко еднаш и рекол дека „не ја оженил за да игра за Реал Мадрид“.

„Тој верува дека ќе играше во Реал Мадрид да не бев јас. Душко смета дека да не му се појавев во животот ќе имал блескава кариера. Не сум толку лоша, имаме прекрасни деца“, додаде Карлеуша.

Фото: Инстагрма

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.