Девет работи кои Мерлин Монро строго ги почитувала: Oвие трикови ѝ помогнале да изгледа совршено

Животот на познатите

Со криење од сонцето, до кревање тегови, Мерилин Монро имаше специфична рутина за нега.

Од црвените усни, до нејзиниoт заштитен знак – платинестите кадрици, Мерлин Монро беше и сè уште е, врвната бомба и икона на убавината, која зрачеше со гламур.

Вака изгледаше нејзината рутина за нега:

Актерката се криела од сонцето!

Јас, лично, сум против сончањето, бидејќи сакам да се чувствувам целосно русокоса – објаснила Монро зошто го избегнувала сонцето и покрај тоа што исончаниот тен бил во мода во Калифорнија.

Затоа, заборавете на бронзерите и лажните тенови во кои многумина од нас се колнат овие денови, таа беше за алабастерски изглед.

Мерлин сакала многу специфична нијанса на руса коса.

Ако некогаш сте се запрашале која боја ја користела Монро кога се фарбала, веројатно не би погодиле дека е „бела навлака за перница“. За да избегне прекумерно миење (што може да влијае на бојата), актерката применувала импровизиран сув шампон од пудра за бебиња, кој го нанесувала секои два дена за да и’ остане косата сува и немрсна.

Одличен шминкерски трик за полни усни…

Како да креирате изглед на полни усни по кои Мерлин беше толку позната? Со помош на правилна употреба на карминот. Нејзиниот шминкер и’ нанесувал до пет различни нијанси на црвена боја – потемна, светлоцрвена однадвор и посветла однатре, за да создаде илузија на димензија и дебелина. Паметен совет, кој многу шминкери и денес го користат, според ,,Вог”.

Таа ја знаела важноста на спиењето.

Жена што уживала во својот сон – на Монро ѝ било потребно меѓу пет и 10 часа да ги затвори очи, една ноќ, во широк единечен кревет.

А во недела?

Тоа е еден ден кига сум сосема слободна. Понекогаш ми требаат два часа да се разбудам, уживајќи во секој последен момент на поспаноста, изјавила таа во интервју за магазинот ,,Pageant”.

Што носела во кревет?

Познато е дека Монро не носела облека во кревет, избегнувајќи ги пижамите и „морничавите ноќници“ кои и’ го нарушувале сонот. Она што таа го носела биле пет капки Шанел бр. 5, парфемот, за кој се вели дека го додавала и во своите ледени бањи.

Ледени бањи

Иако Вим Хоф и многубројни спортисти ги популаризираа тушевите и бањите со мраз, Мерилин сепак беше пред нив. Се вели дека се капела во ледени купки за да ја одржува кожата цврста и затегната.

Како се грижела за својата кожа?

Монро и’ се придружи на Одри Хепберн во редовните посети на унгарски дерматолог. Бидејќи страдаше од сува кожа (се шпекулираше дека опсесивно го миела лицето, до петпати на ден), Ласло и препишал на актерката ригорозна рутина за нега на кожата, која варирала во зависност од времето, од денот и од пригодата.

Добијте го сјајот на Монро

Додека хајлајтерите се популарни денес, Монро го доби својот сјај на друг, можеби помалку гламурозен начин. Таа нанесувала слоеви вазелин под подлогата за да ѝ помогне на кожата да блесне.

Таа не била фанатик по вежбање.

Не би можела да го поднесам вежбањето ако треба да бидам дисциплинирана, знаела да каже Монро за нејзиниот пристап кон вежбањето.

Наместо тоа, таа уживала во „едноставната рутина за тонирање на градите“, која вклучувала кревање два тега над главата 15 пати, почнувајќи од положбата на раширените крилја на орелот. Тоа го правела секое утро покрај нејзиниот кревет, додека не се изморела.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.