Дали ја препознавате оваа пејачка?: Се омажи со 20 години постар маж, се зборуваше за нејзиното неверство, а сега е убавица!

Шоубизнис

Многу дами од нашата јавна сцена се променија низ годините, некои направија пластични операции, а има и такви кои драстично го променија имиџот, па ретко кој би ги препознал денес.

Една од нив е пејачката Весна Џогани, која на врвот на кариерата изгледаше сосема поинаку, со оглед на тоа што беше црна, а веќе подолг период русата коса ѝ е заштитен знак. Весна е многу активна на Инстаграм и Тик ток, каде со своите следбеници споделува видеа од нејзиното танцување, пеење и одговарање на нивните прашања.

Еден од нејзините обожаватели ја замоли да сподели фотографии од нејзините помлади денови, а таа тоа го направи без проблем и ги изненади сите.

„И двајцата за мене сте топ, но подобро би било да се покажете себеси од периодот на 90-тите, а потоа и Џоле“, беше коментарот на кој со задоволство одговори Весна.

„Не сум сигурна дека бев „таа девојка“ во 90-тите, но еве ме“, напиша пејачката, а потоа следеја сет фотографии од младоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vesna Djogani (@djoganivesna)

Да потсетиме, Весна веќе две децении е во брак со 20 години постариот од неа, Џоле Џогани, но разликата во годините никогаш не им била проблем. Тие денес важат за еден од најхармоничните парови на естрадата. Познато е дека Џоле пред Весна бил во брак со Слаѓа Делибашиќ. Исто така, неодамна се шпекулираше за неверство на танчерката, но тие брзо ставија крај на тие гласини.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.